November 17, 2019 21:40
Останато

Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс” во Мајами

Федерер продолжува да дели лекции во Мајами

Трикратниот шампион, Роџер Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс” во Мајами по лесна победа со 6:0, 6:4 над Кевин Андерсон.

Шестиот носител беше целосно беспомошен против Швајцарецот, кој покажа одличен тенис и веќе има биланс од 6 успеси и само 1 пораз во нивните директни дуели.

Федерер ќе игра по 7-ми пат во полуфиналето во Мајами. Тој стигнувал до оваа фаза во „Мастерс” турнирите вкупно 65 пати и има 27 титули. Во меч за место во финалето 37-годишниот маестро ќе се соочи со канадскиот талент Денис Шповалов.

– Секогаш уживам да играм против младите момчиња на турнејата. Со Шаповалов само сум тренирал. Се сеќавам дека ме импресионира како сервира и колку силно ја удира топката, изјави Федерер.

Во другото полуфинале ќе играат Џон Иснер и 18-годишниот квалификант Феликс-Оже Алиасим.

Нови вести

Загина тренерот на Спартак и екс селектор на Хрватска

24news

Златен и бронзен медал за македонските каратисти на Медитеранското првенство во Анталија

24news

Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран, Федерер и Надал се пласираа во четвртото коло

24news