December 6, 2022 22:50
Спорт

Федерер потврди дека во пар со Надал ќе го одигра последниот меч

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер утре на Лејвер купот ќе го одигра последниот натпревар во својата блескава кариера и тоа во двојки со својот голем ривал Рафаел Надал, соопштија денеска организаторите во Лондон. 

Федерер и Надал ќе настапат заедно против американските тенисери Џек Сок и Франческо Тиафо со што Швајцарецот ќе стави крај на својата професионална кариера на 41-годишна возраст. 

Освојувачот на 20 грен – слем титули го замоли селекторот на тимот на Европа, Бјорн Борг, да го пријави за настап само во двојки во дуелот против остатокот на светот. 

Во тимот на Европа, покрај Федерер и Надал, се и Новак Ѓоковиќ, Стефан Циципас, Енди Мареј и Каспер Руд, додека Матео Беретини има статус на резерва.