October 29, 2020 03:41
Свет

ФБИ: Подготвени сме за секоја закана по основите на нашата демократија 

 Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, синоќа изјави дека во предвечерје на претседателските избори во ноември нема странско мешање врз изборниот систем на САД, но дека бирото будно ги следи заканите по основите на американската демократија.  

Додаде дека безбедносни агенции на САД работат сите кои се закана за изборниот систем на САД да платат висока цена за тоа. 

-ФБИ ја подига цената за сите непријатели на САД.Тесно работиме со партнерите како Одделот за национална безбедност и Директорот на националното разузнавање, изјави Реј за време на обраќање на самитот за кибер безбедност. 

ФБИ, исто така, е ангажаирано со официјално избраните личности, партиските комитети и социјалните медиуми за споделување информации и засилување на отпорноста (од надворешни удари).  

-Можеби забележавте, Твитер и Фејсбук отстранија налози поврзани со руска кампања на влијание со обид да се платат американски новинари да постираат политички реклами без самите да знаат (дека се врбувани). Социјалните мрежи го направија ова пред тие налози да развијат големо следбеништво, и ова е потврдено од Oперативната група за странско влијание (при ФБИ), рече Реј. 

Тој истакна дека засега не се забележани кибер напади врз гласачките бази на податоци, или врз системите вклучени во првично гласање.  

-Колку шо знаеме, ниту една странска влада се нема обидено да го расипе броењето на гласови, истакна Реј и додаде –Ние будно ги следиме сите закани по основите на нашата демократија.