April 21, 2021 01:19
Свет

ФБИ истражува дојава: При упадот во Конгресот бил украден лаптоп на Пелоси, со намера да им се продаде на Русите

Американскoто ФБИ истражува дојава дека жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на Ненси Пелоси за време на упадот во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.

Против засега неименуваната жена е поднесена кривична пријава, пренесува Си-ен-ен.

Сепак, неофицијално, се работи за 22-годишната Рилеј Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е обвинета за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде уредот, додавајќи дека има информации според кои таа сакала да го испрати компјутерот на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руска разузнавачка служба.

Сепак, според сведокот, планот пропаднал од непознати причини, а Вилијамс или сè уште го поседува уредот или во меѓувреме го уништила.

Како што се наведува, целиот случај е сè уште под истрага, а Вилијамс не е уапсена.

AniWatch watch anime dub: Kuroko's Basketball 2 Episode 25

AnimeTV boruto anime tv: My Hero Academia 2 (Dub) (https://animetv.cc/m/YaKe) Episode 25