March 27, 2019 02:30
Свет

ФБИ истражувале дали Трамп бил закана за националната безбедност

Американското ФБИ покренало истрага за претседателот Доналд Трамп откако тој го отпушти тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми. ФБИ  денови по разрешувањето од фунцкија на Коми почнало со истрага за тоа дали Трамп работел со Русија против американски интереси, објави Њујорк тајмс повикувајќи се на свои извори.

Во истрагата се работело на проценка дали Трамп е закана за националната безбедност и дали намерно работел со Русија или имало само „случајно” влијание на Москва.

Извори на весникот тврдат дека некои од највисоките безбедносни официјални лица биле особено сомничави за врските на Трамп со Русија за време на претседателската кампања во 2016 година, но тогаш не покренале истрага бидејќи се разгледувало како да се пристапи кон „толку чувствителна и важна истрага”.

Истрагата почнала откако Трамп го разреши Коми. Во написот на Њујорк тајмс не се нагласува дали таа истрага се уште трае. Специјалниот обвинител Ромерт Малер и понатаму работи на истрага за можно руско мешање.

Нови вести

Девет медицински сестри кои работат во иста болница ќе се породат во исто време

Filip

Пентагон одобри милијарда долари за ѕид на границата со Мексико

Filip

Хамас го прифати планот за прекин на огнот со Израел

Filip