January 26, 2021 06:05
Балкан

„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група

Влијателниот „Фајненшл тајм“ со критичка анализа за состојбите во Бугарија, растечката корупција во земјата и тензиите по неодамнешното вето од Софија за Македонија, што според весникот ги отвора стравувањата дека Бугарија се приклучува кон проблематичната европска група на држави предвдоена од Унгарија и Полска. Политичките потешкотии на Борисов исто така отвораат тешки прашања за Брисел и ЕУ членките, кои според критичарите не успеале, да извршат доволен притисок врз Софија за породбро владеење на правото и управување со земјата, пишува весникот и наведува дека недостигот на резултати во антикорупциката борба нотирани од страна на ек е една од клучните причини за антивладините протести.

Весникот ја цитира изјавата на екс министерот за финансии во владата на Борсиов, и бугарски економист Сименон Џанков кој тврди дека токму европските фондови кои се слеале во земјата по нејзинотиот влез во унијата, вусшност ја зголемиле корупцијата и заробувањето на државата, особено оние кои биле користени за купување ,директно или преку проекти, на многу медиуми обезбедувајќи покритие за политичарите.

Фондовите на ЕУ всушност ја зголемија корупцијатат и заробувањето на државата, особено оние коие беа користени за купување директно или преку проекти на многу медиуми и со тоа да се обезбеди покритие за политичарите.

Двете земји со години добиваа слободна карта од ЕУ, а заради финсиската криза во 2008година и миграциската во 2015, никогаш не било време унијата навистина да размисли за проблемите.

Џанков оценува дека Брисел предоцна ја сфатил опасноста од бугарската корупција.

Брисел треба да биде убеден доколку не се стори нешто сега, Бугарија и Борисов ќе се приклучат во редовите на Јарослав Качински (Полска) и Виктор Орбан (Унгарија), што ќе биде загрижувачко.

Во мегувреме според „ФТ“, владата на Борисов е под притисок поради неодамнешното спротивставување на започнувањето на пристапните разговори на Македонија со ЕУ. Тие сметаа дека г. Борисов ќе го води овој процес. Ова го става во опасност европскиот проект на начин ко је без преседан, вели за „ФТ“ Весела Чернева, директор на канцеларијата на европскиот совет за надворешни односи со Бугарија

„Тие сметаа дека г-дин Борисов ќе го води овој процес“. „Ова го става во опасност европскиот проект на начин кој е без преседан“

Самиот Борисов пак во вчерашното интервју за реномираниот „Франфуртер алегемајне цајтун“ оцени дека Македонците биле насилно преобратени Бугари од страна на комунистичката интернационала а дека од резолуцијата на европскиот парламент разбрал дека има македонско малцинство во Бугарија, по кое .авторот на интервјуто Михаел Мартенс , инаку долгогодишен дописник од Балканот, во Твитер реакцијата оцени дека Бугарија всушност прави се за да го загуби пријателството со Македонците.

Во мегувреме се огласи и поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелив кој во анализата за софиски „24 часа“ пишува дека Софија го признава идентиетот и јазикот, но дека Заев треба да покаже добра волја со елиминирање на вештачкото прашање за македонското малцинство во Бугарија, кое според Плевнелив никогаш не постоело.