Search

Фашистички и антифашистички собири во Горица

– Во италијанскиот град Горица, кој се наоѓа на самата граница со соседна Словенија, повеќе фашистички здруженија одржаа комеморација за загинатите фашистички војници од бригата “Х Мас”.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, комеморацијата поминала мирно и покрај тоа што во градот се собрале и поголем број антифашисти кои протестираа против вакви фашистички комеморации. Низ градот беше видливо присуството на италијанската полиција која не дозволи контакт меѓу групите и инциденти.

Италијанските медиуми јавија дека најголем дел од луѓето кои денеска дојдоа на комеморацијата во центарот на Горица се роднини на фашистите кои загинале борејќи се во бригадата.

Треба да знаете
Последни објави