August 3, 2020 13:40
Спорт

Фати стана најмлад стрелец во историјата на ЛШ

Барселона славеше на гостувањето кај Интер со 2-1 и тоа во средба во која победата им ја донесе супер талентираниот Ансу Фати.

Фати влезе во игра во 85 минута на местото на Карлес Перез за да веќе во наредната минута на асистенција на Суарез ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ и со тоа да стане најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

Досегашниот рекорд беше дело на Питер Офори-Квеј кој беше број еден од 1997 година кога во дресот на Олимпијакос ја затресе мрежата на Розенборг со 17 години и 194 денови.

Сега пак офанзивецот на Барса го презема приматот со својот погодок постигнат со 17 години и 40 дена.