December 5, 2022 22:37
Македонија

Фатени со „рацете во медот” од ВМРО-ДПМНЕ манипулираат, Ковачевски никогаш не бегал од одговорноста за воениот рок

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски никогаш не бегал од одговорноста за служење на воениот рок.

Фатени со рацете во медот ВМРО-ДПМНЕ за да го прикрие својот срам и криминал, злоупотребува здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години.

Во надеж дека ќе ја сменат темата во јавноста за нивниот криминал и корупција тежок 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ само го потврди криминалот во сопствените редови.

Единствен воен дезерет на политичката сцена е пуленот на Христијан Мицкоски, Драган Ковачки, кој ја напушти Армијата за да му служи.

Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, секогаш кога ќе бидат фатени со „рацете во медот” по секоја цена конструираат случаи, измислуваат непостоечки скандали со кои сакаат да ја дефокусираат јавноста.

Нема дефокус од криминалите во ВМРО-ДПМНЕ, нема.