December 9, 2018 20:50
Економија

ФАО: Цените на храната најниски во последните две години

Светските цени на храната во ноември паднаа на најниско ниво во период од повеќе од две години, поттикнати од големиот пад на цените на растителни масла, млечни производи и житарици, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените, пресметан од страна на ФАО, кои ги мери месечните промени во цената на потрошувачката кошница (житарки, масло за јадење, млечни производи, месо и шеќер), во ноември падна на 160,8 поени во споредба со октомвриските 162,9 поени, што е најниско ниво уште од мај 2016. година, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Според проценките на ФАО, глобалното производство на житарици за 2018/2019 година би требало да изнесува 2,595 милијарди тони, што е значително пониско во споредба со претходната проекција и за 2,4 отсто пониско од минатогодишното рекордното производство.

Прогнозите на ФАО за светското производство на пченица во 2018/2019 година изнесуваат 725,1 милион тони, што е 2,8 милиони тони помалку во однос на претходната проекција.

Related posts

Манчевски: За реформа на администрацијата следната година предвидени 66,3 милиони денари

Filip

Дебата за даночната реформа во Собранието: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите

Igor

Задругите со посебни мерки за поддршка за користење државно земјиште

Valentina