October 16, 2021 19:44
Свет

ФАО: Цените на храната во септември на највисоко ниво во изминатите 10 години

Цените на храната се зголемија во септември на светските пазари, втор месец по ред, достигнувајќи рекордно ниво во изминатите десет години, поттикнати од поскапувањето на житариците и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на кошницата со основни прехранбени производи, се зголеми за 1,2 процента во септември во однос на ревидираната вредност во август, достигнувајќи просечни 130 бодови, што е највисока вредност од септември 2011 година.

Во споредба со септември минатата година, е за една третина поголема.

Цените на житните култури најмногу се зголемија минатиот месец, за два отсто во споредба со август, одразувајќи го поскапувањето на пченицата за речиси четири проценти поради намалениот извозен капацитет во услови на силна побарувачка.

– Меѓу главните житни култури, пченицата ќе биде во фокусот следните недели, бидејќи драстичниот раст на цените ќе ја тестира побарувачката, истакна високиот економист на ФАО, Абдолреза Абашијан.

Растителните масла, исто така, значително поскапеа, за 1,7 проценти во споредба со август, поради растот на цената на палминото масло под влијание на силната увозна побарувачка и загриженоста предизвикана од недостигот на работна сила во Малезија.

Цената на маслото од репка, исто така, значително се зголеми, додека сончогледовото и соиното масло поевтинија.

Во споредба со минатиот септември, цените на растителните масла се повисоки за околу 60 проценти.

Цените на млекото и млечните производи се повисоки за 1,5 проценти, како одраз на драстичниот пораст на цените на путерот и обезмастеното млеко во прав, погодени од побарувачката за увоз и ограничениот капацитет за извоз, особено во Европа, поради ниските резерви и сезонскиот пад на производството на млеко.

Шеќерот поскапе за 0,5 проценти во однос на август поради неповолните временски услови во најголемиот извозник – Бразил, што делумно беше компензирано со забавување на побарувачката за увоз и поволните можности за производство во Индија и Тајланд, покажуваат податоците на ФАО.

Цените на месото беа стабилни бидејќи поскапувањето на овчо и говедско месо поради малата понуда го надомести падот на цените на свинското и живинското месо од влијанието на изобилната понуда и послабата побарувачка за свинско месо во Кина и Европа.

Во одделен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за житарици, ФАО прогнозираше рекордно производство на житни култури оваа година, од 2,8 милијарди тони, што малку ја зголеми прогнозата од август.

Сепак, тоа ќе биде помалку од предвидената побарувачка во сезоната 2021/2022 година, која треба да изнесува 2,811 милијарди тони, поддржана од зголемената потрошувачка во добиточната храна, предупреди ФАО.

Тоа значи дека глобалните резерви на житарици на крајот на сезоната во 2022 година ќе бидат 0,4 проценти помали отколку на почетокот и ќе изнесуваат 817 милиони тони, проценуваат тие.

Резервите на пченица ќе се намалат за 0,9 проценти, на 284 милиони тони, а најголем пад ќе има во Канада, Русија и САД, поради очекуваното намалување на производството.

Залихите на пченка ќе се зголемат за еден отсто до крајот на сезоната, на 288 милиони тони.

AnimeFLV Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao: Going Wild (Dub) anime episode 26 online free at https://animedao.nl animedao list

TwistMoe: They Were Eleven (Dub) anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime online