June 26, 2022 16:35
Магазин

Фановите на Хари и Меган организираат роденденска забава за Лилибет

Фановите на принцот Хари и Меган Маркл имаат голем план за првиот роденден на Лилибет, која ќе наполни една година следниот месец. Ќерката на војводата и војвотката од Сасекс треба да го прослави својот прв роденден на 4 јуни.

Фановите, наречени „Сасекс-одред“, ги споделија плановите на Твитер за виртуелна чај-забава по повод  специјалната пригода.

Еден корисник на Твитер објави: „Одредот Сасекс ударни вести! Роденденската забава на Лилибет Дијана е променета во Роденденска чајанка.“

„Затоа, запаметете го датумот и подгответе ги вашите сетови за чај и фасцинаторите!“

Објавата привлече стотици ретвитови од други фанови на Сасексови. Некој од нив напиша: „Толку сум возбуден што ќе го прославувам овој голем момент“.

„Причина да ги извадам моите фенси шолји за чај и еден од моите винтиџ шешири!“ твитна друга корисничка на социјалната мрежа.

Трет додаде: „Едвај чекам да го прославиме роденденот на Лилибет!“

„Охххх!! Колку забавно! Имам мој сет за чај. Имам совршена облека. Ми треба само фасцинатор. Само да добијам идеја што би ми одговарало највеќе!!”, твитна друг фан.

Принцот Хари и Меган треба да отпатуваат во Британија од Калифорнија на платинестиот јубилеј на кралицата следниот месец. Фановите шпекулираат дека Лили ќе го помине својот прв роденден во Обединетото Кралство бидејќи паѓа на платинестиот јубилеен викенд.

mẹo chơi tài xỉu go88 app tài xỉu go88 lỗi rút tiền go88

sunwin apk 2022 máy chủ sunwin nhóm kéo sunwin