August 18, 2019 10:50
Спорт

Фановите на Барса не го сакаат Гризман

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека навивачите на каталонците се против трансферот на француската ѕвезда на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман.

Како што е познато, вчера „јорганџиите” официјално објавија дека се разделуваат со фудбалерот, додека шпанските шампиони се главните фаворити за потписот на играчот.

– Мислам дека повеќето навивачи на Барселона се противат на трансферот на Гризман, вклучително и поради неговата висока вредност, а има и други добри играчи кои можат да играат на исто ниво. Сепак, ако трансферот се случи, тогаш сите навивачи ќе го поддржат на ист начин како и со сите други играчи кои пристигнуваат во Барселона, рече Лапорта.

Нови вести

Миочиќ го нокаутираше Кормие и со го врати шамионскиот појас во УФЦ

Igor

Медведев преку Ѓоковиќ во финалето на Синсинати

Igor

Балотели се враќа во Серија „А” во повратникот Бреша

Igor