October 26, 2021 01:40
Македонија

Фабриката за преработка на отпад во Неготино е целосно европски и еколошки чист проект, порача Заев

Проектот на „Зока енерџи солушн”, за отворање на фабрика за преработка на отпад, на територија на Општина Неготино, односно во близина на термоелектраната во близина на Неготино, одговорно тврдам дека е европски и еколошки чист проект, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поставен од пратеникот Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев посочи дека тој е утврден како стратешки значаен проект за државата, при што следуваат дополнителни постапки со правните советници од Владата, но и отворање на банкарска гаранција од десет милиони евра што треба да биде отворена со цел законското решение да дојде на дневен ред во Парламентот и да се дискутира за сите негови детали.

Премиерот Заев го демантираше пратеникот Пенков и истакна дека не е точно оти фабриката испушта големо количество на јаглерод диоксид, бидејќи се работи за бескислородно согорување и такви фабрики за преработка на отпад има во Љубљана и Цеље во Словенија.

– Со закон е забрането увезување на отпад за енергенси и не може никој да увезува отпад во државата. Експертите работат повеќе од една година на овој проект, убавината е што ваквиот проект можеме да го видиме во ЕУ, додаде тој.

Премиерот објасни дека локацијата на фабриката е одбрана поради пристапноста и најголемите капацитети на трафостаници за да ја примат струјата што како зелена енергија ќе се произведува во вкупна количина од 34 мегавати за што Владата прифати да плати 180 евра од мегават.

Инвестицијата вклучува дополнителни сто комунални возила за собирање смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, како и 6.000 метални и пластични комунални контејнери за асфалтирање на патна делница од пет километри до село Дуброво и на територија на Општина Неготино.

Проценетата вредност на капиталот што ќе се инвестира од страна на Стратешкиот инвеститор изнесува 336,6 милиони евра, а проектот претставува целосно и трајно решение на отпадот на 74 проценти од територијата на Северна Македонија, односно како што, нагласи премиерот, опфаќа 48 општини или пет плански региони во земјата.

WCOStream: Maya the Bee (Dub) anime episode 52 online free at https://wcostream.cc free anime

Animepahe: Kuroko's Basketball 2 anime episode 25 online free at https://animepahe.cc english anime

Website https://twistmoe.net: Watch Paprika (Dub) twistmoe Episode Full twist.moe

Website https://animeflix.nl: Watch Pop animeflix Episode Full animeflix anime

Giantbomb: https://www.giantbomb.com/profile/animefreakws/about-me/

Animeflixnl wixsite: https://animeflixnl.wixsite.com/my-site