January 27, 2020 09:32
Спорт

Фабрегас: Меси ќе игра до 40 години

Играчот од средниот ред на Монако, Сеск Фабрегас е убеден дека неговиот поранешен соиграч на „Ноу Камп”, Лионел Меси, може да игра најмалку до 40 години.

– Меси е брутален фудбалер. Ова значи дека доколку е задоволен од неговиот настап, тој ќе продолжи да игра. И со оглед на неговите расположливи вештини, тој лесно може да игра до 40-годишна возраст. Многу добро се сеќавам на денот кога Меси дојде во „Ла Масија”. Тој не зборуваше многу, но дури и тогаш играше како што тоа го прави денес – никој не можеше да го спречи, додаде Фабрегас.

Како што знаете, двајцата се блиски пријатели, а освен тоа, нивните сопруги редовно се „уловувани” заедно од папараците.

Нови вести

Коби тргнал на кошаркарски натпревар на кој требало да игра неговата ќерка

Igor

Лилард со 50 поени го предводеше Портланд до триумф над Индијана

Igor

Ѓоковиќ: Коби беше мојот ментор и пријател, моето срце искрено жали

Igor