April 9, 2020 07:30
Спорт

Фабиан Руиз интересен на Барселона, Реал Мадрид и Ливерпул

Фабијан Руиз е еден од најбараните фудбалери во Европа, а тоа го потврдува шпанскиот весник „Спорт“.

Ѕвездата на Наполи привлекува голем интерес од Реал Мадрид, но и од Барселона, а последен клуб кој е заинтересиран за неговите услуги е Ливерпул. Јирген Клоп во Шпанецот гледа иделно засилување за средниот ред.

Наполи сака да го задржи во своите редови на многу подолго и веќе планира да му понуди нов договор со откупна клаузула од 180 милиони евра. Руиз има уште две години од актуелниот договор и засега не сака да брза со конечна одлука околу својата иднина.