March 22, 2019 03:57
Економија

УЈП: Граѓани и фирми за даноци должат 164 милиони евра

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30.09.2018 и неплатени до 31.12.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници објавени се 2.134 должници – правни лица (помалку е за 30 од претходната листа) и 2396 физички лица (повеќе за 50 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.01/2019 изнесува 10.122.013.587 денари или околу 164 милиони евра, повеќе за 94.369.744 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.972.264.456 денари (помалку за 26.279.574 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 149.749.131 денари (повеќе за 120.649.318).

Нови вести

Во февруари раст на кредитирањето, поголемо кај корпоративниот сектор

Valentina

Успешна приказна за користење европски пари во млекарницата „Сентис” АГ во Тетовско Џепчиште

Valentina

Просечна плата во јануари 24.517 денари

Valentina