December 5, 2019 17:54
Македонија

Уште 380 наставници обучени во рамки на програмата Училишта на 21 век

По првиот циклус обуки, како дел од програмата „Училишта на 21-от век”, спроведена од Британскиот совет и финансирана од Владата на Велика Британија, денеска почнува вториот циклус обуки за раководители на училиштата во Охрид и во Штип, по што на 21 август следува и обука за наставници.

Оваа програма вредна 10 милиони фунти, ќе опфати 380 наставници во 63 училишта во наредните неколку месеци. Исто така, 2.000 micro:bit уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје.

– Резултатите од првиот циклус се одличен показател дека училиштата, Британскиот совет и Министерството за образование вршат одлична работа со оваа програма. На неодамнешниот регионален натпревар за кодирање, што се одржа овој април во Белград како дел од Дигиталниот самит за Западен Балкан, и двата македонски тима освоија големи награди. Училиштето „Блаже Конески” од Прилеп го освои второто место на натпреварот, додека училиштето „Св. Кирил и Методиј” од Скопје ја освои наградата за тимска работа. Децата учат на нов, забавен и интересен начин со користење на џебни micro:bit уреди за кодирање и веќе почнаа да покажуваат добри резултати, соопштија денеска од Британскиот совет.

Бидејќи добрите наставници се главниот столб на доброто образование, се подвлекува, Британскиот совет се фокусира на обука на наставниците за вклучување на овие нови наставни практики во училниците и им помага на децата да се подготват за иднината.

Програмата „Училишта на 21-от век” ќе опфати повеќе од еден милион деца во Западен Балкан во следните три години и ќе им помогне да стекнат вештини за креативно решавање на проблемите со помош на критичко размислување и кодирање.

Нови вести

Димитров: С.Македонија останува посветена на исполнување на заложбите на ОБСЕ

Filip

Поддржан финансискиот план и процентот на зафаќање за финансирање на РКЕ за 2020 година

Filip

Премиерот Заев од Волково: За прв пат после 60 години се гради спортска сала во ООУ ,,Јоаким Крчовски’’

Filip