November 28, 2020 06:51
Балкан

Уште 168 новозаразени во Црна Гора, починаа тројца

Во Црна Гора во последните 24 часа регистрирани се 168 новозаразени од 638 тестирани, а починаа три лица.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Подгорица.

Во истиот период оздравеле 174 пациенти.

Вкупно активни случаи во Црна Гора се 3.756, пренесе РТЦГ.

Од почетокот на годината, вкупно од Ковид-19 заболеа 16.797.