February 17, 2019 11:26
Македонија

Уште едно бебе почина од морбили, трет случај за три дена

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.

Синоќа починало 13-месечно бебе од тетовскиот регион, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.

Related posts

Груевски и на роденденот во суд

24info

Панчевски вели дека фрлал клетви бидејќи бил мета на напади и закани

24info

Финансиска тврди дека Јакимовски и уште четворица службеници го оштетиле буџетот

24news