November 24, 2020 13:53
Македонија

„Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ – говор на омраза кон Марјан Забрчанец

Откако вчера, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил, анализира Frontline.

„Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев.

Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија, бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година.