April 11, 2021 12:39
Свет

Уште девет години имаме за да спречиме климатска катастрофа, смета Џон Кери

Специјалниот претставник на Белата куќа за климата Џон Кери предупреди дека светот има само девет години да дејствува, со цел да се избегне климатска катастрофа.

– Околу 2030 година е времето во кое мора да бидеме на вистинскиот пат за да го запреме нивото на глобално зголемување на температурата за 1,5 степени, изјави Кери.

Тој потсети дека научниците пред три години рекле дека имаме 12 години да го избегнеме најлошото сценарио во врска со климатската криза.

– Поминаа три години, така ни преостануваат околу девет години. Нема простор за поголема релаксација. Овојпат нема фалсификување, преправање. Очигледно, ние сакаме да спречиме климатска катастрофа за да не стане ‘ново нормално’, изјави Кери за Си-Би-Ес Њуз, алудирајќи на смртоносните снежни бури во САД.

Тој заклучи дека популарното мислење е дека климатските промени се однесуваат само на зголемување на температурата, а не на намалување, додавајќи дека промените се однесуваат на сите временски услови.

Watch Dragon Ball (Dub) Episode 72 (https://gogoanime.be/m/JA4/ep-72) at website https://gogoanime.be gogoanime jojo

Given Movie (https://animeflix.nl/m/KkvR) Episode Full at website https://animeflix.nl. See more animeflix free iwatobi swim club