June 24, 2021 19:52
Македонија

Учество на претседателот Пендаровски на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030″

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030″ во организација на Атлантскиот клуб во Бугарија, по повод 30-годишнината од неговото основање.

Честитајќи го значајниот јубилеј за организацијата, претседателот Пендаровски говореше за придобивките коишто Република Северна Македонија ги има од членството во НАТО, по две децении кандидатски статус и низа кризи. 

Меѓу научените лекции од поновата историја, како што рече претседателот Пендаровски, е важноста на раното предупредување, особено денес, кога предизвиците се удвоени и се посложени, вклучително сајбер и хибридната војна, или најновиот предизвик – управувањето со пандемијата, која освен здравствени, социјални и економски, има и безбедносни последици.

„Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите”, бидејќи, како што посочи претседателот Пендаровски „ниту еден проблем на Балканот не ќе беше решен во последните три децении, ако не беа синхронизирани САД и Европа”.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање се осврна и на неодамна лиферуваните нон-пејпери, во коишто се споменува промена на границите на Западен Балкан. Според претседателот Пендаровски, ниту една одговорна влада или политичар во Европа нема да ја поддржи оваа опасна идеја, но, според него, пропагандата од трети страни не е исклучена. Според претседателот Пендаровски, во регионот сè уште има премногу историја којашто не држи сите нас на задните седишта во Европа.

„Живееме во 21-от век и мора да размислуваме и да правиме планови за иднината. Балканот во пост-комунизмот изгуби милиони млади луѓе кои заминаа во деловите на светот каде што историјата е присутна во книгите, а не на улиците”, рече претседателот Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција, по повод 30-годишнината од основањето на Атлантскиот клуб во Бугарија.

WCOStream paw patrol wcostream: My Hero Academia (Dub) Episode 13

AniWatch dubbed anime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/N5dz/ep-5)