Search

Ученици со оштетен вид вклучени во проектот „Летна школа”

По потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иселеништво и Државното училиште  за деца и младинци  со оштетен вид „Димитар Влахов”, оваа година при реализацијата на проектот „Летна школа” 2019 година, во наставата биле вклучени тројца  ученици од  оваа училиште.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола  Шалваринов нагласи дека ова е можност да се вклучат децата кои имаат оштетен вид и  да им се даде можност  да се дружат и бидат дел од наставата со нивните врсници од дијаспората.

– Заеднички да дадеме пример  дека доколку се има силна желба, може да се реализира замислата. Агенцијата за иселеништво и во наредниот период ќе продолжи  со проектите кои ќе  даваат поддршка на сите категори на лица кои се залагаат за промоција  на културата, историјата и јазикот на нашата земја, како и сите оние кои ќе се залагаат за хумано, еднакво и праведно општество за сите, посочи Шалваринов.

Директорот  на Државното училиште „Димитра Влахов” Горанчо Јакимов истакна дека овој заеднички чекор да биде пример за сите други институции во државата, со што ќе се зголеми инклузијата на децата со попреченост од страна на сите институции.

– Со тоа да се зголеми инклузијата на децата со попреченост  од страна на сите институции, преку кои ќе се даде еднаква можност за партиципација на сите, каде што заеднички  ќе можеме да  изградиме вистински темели на кои ќе темелиме  едно поинакво општество за сите граѓани. Ова е само почеток, во иднина овој проект ќе продолжи, а со тоа ќе се прошират и дејностите за соработка, како би можеле да вклучиме голем број на лица, рече Јакимов.

Треба да знаете
Последни објави