July 23, 2021 00:41
Македонија

„Учебници и настава мора да има”: Какви се врските меѓу Царовска и ХЕРА, има ли судир на интереси и пасивна корупција?

Интегрален текст од соопштение на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА”.

Денес (Вторник, 08 Јуни 2021), Овластениот преставник на ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“(во понатамошниот текст: Иницијативата), достави БАРАЊА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР И ЈАВЕН ИНТЕРЕС(во понатамошниот текст: Барањата) до:

  • Министерство за образование и наука
  • Министерство за труд и социјална политика
  • Министерство за здравство

(во понатамошниот текст: Министерствата)

Во едно од барањата доставено до Министерството за образование и наука, а со цел информирање на јавноста за начинот и постапката за изготвување на Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование(во понатамошниот текст: Законот), Иницијативата бара информации за физичките и правните субјекти кои биле вклучени во изготвувањето на Законот.

Целта на ова барање е запознавање на јавноста со стручните физички лица и организации кои учествувале во припремата и изготвувањето на Законот, заради евалуација на нивното искуство и експертиза.

Останатите барања до Министерствата се однесуваат на информации за Договори склучени помеѓу Министерствата и „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје(во понатамошниот текст: „ХЕРА“), и финансиски средства исплатени од Министерствата кон „ХЕРА“.

Имено, „ХЕРА“ како Здружение на граѓани, учествувала посредно и непосредно во изготвувањето на Законот, со реализација на ПИЛОТ ПРОГРАМА ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, заедно со подготовка на ПРИРАЧНИК и ОБУКИ НА НАСТАВНИЦИ ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, кое официјално станува дел од образовниот процес со донесувањето на Законот. Ако се земе предвид дека актуелната Министерка, Мила Царовска, скоро 10 години била програмски координатор на „ХЕРА“, а до ден денес се води како Координатор на програмата за млади во „ХЕРА“, со официјална е-маил адреса на веб страната на „ХЕРА“… тогаш се поставуваат прашањата:

ДАЛИ МИЛА ЦАРОВСКА ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛА ФУНКЦИЈАТА, ЈАВНОТО ОВЛАСТУВАЊЕ, СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ И ПОЛОЖБА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА КОРИСТ, ДИРЕКТНО ИЛИ ПРЕКУ ПОСРЕДНИК, ЗА СЕБЕ ИЛИ ЗА ДРУГ?! ДАЛИ МИЛА ЦАРОВСКА ИМА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ И СВЕСНО УЧЕСТВУВА ВО АКТИВНА И/ИЛИ ПАСИВНА КОРУПЦИЈА?!

Иницијативата ги повикува новинарите да истражат и да одговорат на прашањата, вклучително и какви се врските помеѓу Мила Царовска и „ХЕРА“, и каков е интересот на инволвираните страни.

*Финансиските извештаи за работењето на „ХЕРА“ се достапни на официјалната веб страна: https://hera.org.mk/godishni-izveshtai/

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Is This a Zombie? OVA (Dub) Episode 1

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Watch Uchuu Senkan Tiramisù Specials (Dub) Episode 3

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Major S4 (https://4anime.biz/m/W7x) Episode 26