December 5, 2022 09:59
Македонија

Утрово најстудено во Лазарополе

Утринава најниска температура од -1 степен е измерена во Лазарополе, следат Маврови Анови и Попова Шапка со 1 степен, 2 Берово, 3 Крушево, 4 Тетово, 5 Крива Паланка, Претор, Битола, 6 Охрид, Скопје-Петровец, Виница, Дебар, 7 Струмица, Демир Капија, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Штип, 10 Дојран и 13 степени во Гевгелија.

Утринава умерена облачност има на североисток и во делови од скопската котлина, а дува слаб променлив ветер.

Времето во текот на денот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Во Скопје до 18 степени.