December 2, 2022 11:21
Македонија

Утрово најстудено во Берово и Лазарополе

Најниски температури под нулата утрово се измерени во Берово -2 и -1 во Лазарополе, лседат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Крива Паланка, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, 4 Прилеп, Струмица, Штип, 5 Претор, Дебар, 6 Охрид, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид, 9 Гевгелија и 12 во Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени. Во Скопје  слично време со температура до 20 степени.