January 29, 2023 13:37
Скопје

Утре целосна блокада на три клучни крстосници во градот

Приватните превозници утре понеделник, 5 декември од 6 часот ќе го блокираат Скопје со протести на три клучни крстосници во градот.  Автобусите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ќе бидат паркирани на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и на Илинденска кај Владата.

Долгот на Град Скопје кон „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ заклучно со месец октомври е 1,5 милиони евра. Градоначалничката Данела Арсовска нема намера да го плати долгот туку им порача на превозниците да тужат.

„Градоначалничката Данела Арсовска ниту не прими на средба ниту одговори на нашиот предлог за компромис. Понудивме да ни исплати дел од долгот и ние ќе продолжиме да возиме додека го спроведе огласот за избор на превозници. Ова решение ѝ го понудивме поради граѓаните и јавниот интерес, но не добивме никаков одговор“, велат приватните превозници кои со сите 200 автобуси и 300 возачи ќе го блокираат градот.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека поради најавениот протест во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот.

„Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булевар Илинден од крстосницата со булевар Св. Климент Охридски до крстосницата од булевар 8 Септември, на улица 11 Октомври и булевар Кочо Рацин кај Црвен крст и  на крстосницата од булевар Гоце Делчев и Крсте Мисирков кај Судска палата. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, велат од МВР.

Поврзани вести

Битиќи: Владата го гледа приватниот сектор како свој партнер

blink

Им префрлиле само 5.000 денари, приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП

blink

Недомаќинско работење на градоначалниците ВМРО-ДПМНЕ: И Гази Баба планира задолжување со 5 милиони евра

blink