October 27, 2020 06:41
Македонија

Утре стабилизирање на времето, од сабота до понеделник циклонска активност со влажни бранови

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и ќе дува умерен дозасилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 28 степени.

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето е биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 литри на квадратен метар), кои наместа ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80 километри на час). Температурата значително ќе се намали.