December 9, 2022 23:32
Македонија

Утре средба Ковачевски – Мицкоски

Енергетската криза утре ќе биде причина за средбата на премиерот Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави Кадиевска за 24 анализа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, побара средба со премиерот Димитар Ковачевски, за да го објасни партискиот концепт за излез од енергетската криза. Мицкоски вели дека сега е потребно одговорно однесување, бидејќи енергетската криза преминува во финансиска.

-Ексклузивно вечерва откривам дека утре во 11 часот нашиот претседател Мицкоски и неговиот економски тим ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски. Задоволна сум што прв пат во историјата еден опозициски лидер излезе со конкретен предлог за енергетската криза и утре ќе му го претстави на премиерот, рече Кадиевска.