June 14, 2021 08:14
Македонија

Утре сончево и топло до 29 степени, во вторник локални врнежи

Времето до крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно, на повеќе места со умерен, а на југозападот со повремено засилен западен ветер.

Според УХМР, утре се очекува сончево и топло време со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

GoGoAnime anime online: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 24

4Anime 4anime discord: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24