June 24, 2021 20:48
Скопје

Утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 16.05.2021 (недела), поради одржување на  спортско-рекреативната трка „Прв до врв”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје.

Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е: пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј”, лево по бул.„Св. Климент Охридски”, во продолжение по бул.„Мајка Тереза”, лево по ул.„Тодор Александров”, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”), а  трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин”, на бул.„Мајка Тереза”, право по ул.„Тодор Александров” и кај ул.„Салвадор Аљенде” десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски крст”).

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 

KissAnime kissanime seven deadly sins: The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25

ANIMEFLIX spirited away animeflix: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://animeflix.nl/m/N0Zv) Episode 24