January 21, 2021 07:09
Економија

Утре започнува четвртото издание на Macedonian Manufacturing Expo 2020- The Virtual Edition

Во периодот од 24 до 26 ноември 2020 година  ќе се одржи четвртото издание на бизнис настанот Macedonian Manufacturing Expo 2020 – The Virtual Edition.

Macedonian Manufacturing Expo е најголемиот бизнис настан за лесно преработувачката индустрија (преработка на метал, гума, пластика, електро-електронска индустрија) во Северна Македонија. Целта на настанот е на едно местo да се поврзат македонските компании од наведените индустрии со купувачи од Европската Унија, како и со странските директни инвеститори во земјава, со цел остварување заедничка бизнис соработка.

Macedonian Manufacturing Expo 2020- The Virtual Edition го организира МАМЕИ- Македонската асоцијација на метална и електро индустрија и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.  Настанот е поддржана  од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Амбасадата на Кралството Холандија.

Почнувајќи од минатата година, овој настан кој во 2016 година започна како еднодневен, доби и регионален и саемски карактер, вклучувајќи компании од целиот Балкан на бизнис средбите, како и во саемскиот и конференцискиот дел во текот на повеќе денови.

Имајќи ги предвид предизвиците поради КОВИД-19 пандемијата, оваа година организаторите најдоа решение како да ја пренесат целата содржина и квалитет на настанот онлајн. На бизнис платформата н www.eventora.eu/mme2020, за време на настанот ќе се одржат повеќе од 200 видео бизнис средби меѓу 50 компании од земјата, регионот и Европската Унија. Исто така, посетителите на настанот ќе може да ги видат производите и излагачите презентирани на виртуелниот саем, како и да учествуваат на панел дискусиите и презентациите од неколку домашни и меѓународни институции.

„Оваа година заради виртуелниот карактер на настанот ги покануваме сите заинтересирани компании, организации, институции, како и индивидуални посетители кои сакаат да добијат нови знаења, контакти и можност за вмрежување со компании од повеќе од 10 земји во регионот и Европа. Секој заинтересиран може бесплатно да се регистрира како посетител и да го проследи содржините на Macedonian Manufacturing Expo 2020” – рекоа организаторите на овој настан, Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Watch Bleach Episode 357 (https://animeheaven.pro/m/n7P/ep-357) at AnimeHeaven animeheaven dragon ball super

Bleach (Dub) (https://animeflix.nl/m/q13l) Episode 366 at website https://animeflix.nl animeflix movie