February 3, 2023 13:39
Скопје

Утре без вода делови во Бутел и Шуто Оризари, а без струја во Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Без вода утре ќе бидат корисниците во делови од општините Бутел и Шуто Оризари, а без електрична енергија ќе бидат делови од Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација и ЕВН Македонија АД.

Без вода од 10 часот ќе бидат корисниците во дел од селото Љубанци во општина Бутел. Причина за прекинот на водоснабдувањето е штопирање стара мрежа Ф-75 мм на ул. 7 бб (до мостот) во селото и ќе трае до санирање на дефектот.

Прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат и корисниците на улиците „Иљо Војвода” и дел од „Бутелски Венец” во општина Шуто Оризари. Причина за прекинот на водоснабдувањето е санирање уличен дефект од Ф-2″ и Ф-300 мм на ул.„Гвадалахара” бб (кај резервоарот Шуто Оризари) и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Без струја утре од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците во дел од ул. „Благоја Мучето” во општина Аеродром, од 08:25 до 15 часот дел од ул. „Христо Татарчев” бр. 22 во општина Кисела Вода, а од 9 до 14 часот дел од с. Волково кај црквата во општина Ѓорче Петров