August 13, 2022 18:21
Македонија

Уставeн утре ќе расправа за иницијативата на Трајанов за Избирачкиот законик

Уставниот суд закажа седница за 21.06.2022 (утре) во 9:30 часот на која ќе се разгледуваат три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста:

Реферат У.бр.110/2021

Оспорен: Член 59-б став 1 од Законот за средното образование

Подносител на иницијативата: Mустафа Салиу

Дел од наводите во иницијативата:

Според подносителот на иницијативата предлагачот по однос на работните места на даватели на јавни услуги во средното образование (член 59-в) и работните места на помошно-технички лица(член 59-г), јасно и прецизно ги определува одредбите од кои закони се применуваат и важат за групите на овие работни места, што не е случај со оспорениот член 59-б со кој само се укажува на статусот на вработените, а нема одредби за тоа кој закон треба да се однесува на оваа категорија вработени. Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба е во спротивност со членот 32 од Уставот на Република Северна Македонија кој предвидува дека секој има право на работа и секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Реферат У.бр.1/20202

Подносител: Павле Трајанов

Оспорен: Член 75-ѓ, член 76-д, член 78 и член 78-а од Изборниот законик

Дел од наводите во иницијативата:

Според подносителот на иницијативата одредбите содржани во членовите 75-ѓ и 76-д од Избирачкиот законик во кои се регулирани ценовниците за платено политичко рекламирање во медиумите и начинот на исплатата на средствата, фаворизираат четири политички партии со што директно се загрозуваа политичкиот плурализам. Во иницијативата се наведува дека на тој начин се дискриминираат кандидатите кои имаат поинакви политички уверувања и им се оневозможува еднаков пристап до средствата за јавно информирање, како и до средствата од Буџетот кои биле одвоени за таа намена. Подносителот на иницијативата смета дека со оспорените законски одредби се загрозува основното уставно начело на еднаквоста и дека со тие одредби се внесува непропорционалност во политичкиот натпревар.

Реферат У.бр128/2021

Подносител на иницијативата: Санде Пејоски

Оспорен: :Член 16 став 1 од Законот за даноците на имот

Дел од наводите во иницијативата:

Според подносителот на иницијативата единиците за локалната самоуправа без законско покритие во пракса погрешно го применуваат оспорениот член и пресметуваат данок на движен и недвижен имот . Подносителот наведува дека на тој начин оспорениот член погрешно го става брачниот другар во втор наследен ред, а при наследувањето го обврзуваат да плати 2% од вредноста на наследениот имот затоа што брачните другари во бракот немаат деца, додека оние кои имаат деца се во првиот наследен ред и не плаќаат данок.