March 8, 2021 12:38
Балкан

Уставниот суд на Албанија по три години ќе одржи седница

Уставниот суд на Албанија со денешната седница, се врати во нормала по три годишно нефункцонирање. Процесот на проверка на потеклото на имотот, познат како ветинг, разреши мнозинство од деветчлениот состав, двајца заминаа на други должности и во судот остана само Виторе Туша.

На крајот на минатиот месец избрани беа шест нови членови и со Туша станаа седум, со што се обезбеди потребниот квору за одржување на седници.

Седуммината уставни судии разгледуваат барања за испитување на одредени одлуки на судските инстанци што се сметаат за приоритетни. Седницата се одржува без прсуство на странките, а се расправа само врз основа на документи.

Постојат 25 случаи подготвени за разгледување од страна на Уставниот суд.

Други 32 чекаат на комплетирање на судот, од кои најважна е жалбата на заедницата на општини, со која се бара локалните избори од 30 јуни 2019 година да се прогласат за неуставни,како и испитување на уставноста на одлуката за уривање на објкетот на Нацоналниот театар.

Watch The Day I Became a God (Dub) Episode 2 at website https://animeflix.nl animeflix wolf children

Slime Taoshite 300-nen, Shiranai Uchi ni Level Max ni Nattemashita Episode Preview at website https://animeheaven.pro animeheaven bna