September 22, 2019 04:19
Македонија

Успешните аграрни политики донесоа повисоки цени, помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а  истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома  и на странскиот пазар.

Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година. Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.

Тоа е зголемување од 67 отсто. Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.

Зборот важи!

Нови вести

Колони возила и попладнево на Табановце, се чека до 45 минути за влез и излез

Igor

Сопругата на Пендаровски на одбележувањето на светскиот ден на Алцхајмерова болест

Igor

Мицкоски во Неготино: Доаѓа обнова за Македонија и доаѓаат решенија за проблемите на земјоделците

Igor