October 26, 2021 03:15
Хроника

Условни казни затвор од една година за насилните протести во Тетово на 17 септември

Петмината приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември, денес во Основниот суд Тетово добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода, информираше еден од адвокатите во процесот. На обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице”, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември кој се организираше дента во Тетово при што беше побарана одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември .

– Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

На 17 септември имаше протестен марш во Тетово од плоштадот па се до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.

Website https://gogoanime.be: Watch Lunar Legend Tsukihime (Dub) gogoanime Episode 12 gogoanime dororo

Website https://animekisa.in: Watch Donyatsu animekisa Episode 12 watch anime dub

Watch Blue Seagull Episode Full

Website https://animetv.cc: Watch Makoto-chan animetv Episode Full sword art online anime tv

Website https://wcostream.cc: Watch Gasaraki wcostream Episode 25 paw patrol wcostream