Македонија

Условна казна за поранешниот советник на Чулев кој пцуеше и нападна командир во Тетово

Екс-советникот на поранешниот технички министер Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓиевски – Чикаш, доби условна казна затвор за нападот на командирот на Единицата за безбедност на сообраќајот во Тетово кој се случи на денот на изборите – 15 јули 2020 година, oбјави „360степени“.

Судот денеска му изрекол условна осуда, односно казна затвор од две години, која нема да се изврши ако за пет години не направи ново кривично дело.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кое го водеше случајот, за „360 степени“ велат дека ќе одлучат дали ќе поднесат жалба откако ќе ја добијат пресудата.

„На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје лицето за кое покажувате интерес е огласено за виновно и му е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на пресудата ќе се произнесе дали ќе поднесе жалба по истата“, рекле  од обвинителството.

Претходно, за нападот на неговиот колега, Ѓорѓиевски доби и отказ од МВР поради насилно и недолично однесување односно спротивно на прописите на Министерството за професионално и етичко однесување.

Дисциплинската комисија која одлучувала за случајот, лани во септември, соопшти дека на 15 јули околу 15:30 часот, Ѓорѓиевски отишол на место каде се вршел увид на сообраќајна незгода и насилнички се однесувал кон командирот.

„Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот и угледот на МВР, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници“,соопшти Дисциплинската комисија.

 

WCOStream watch cartoons online wcostream: Watch Death Note Episode 32 (https://wcostream.cc/m/GXJ/ep-32)

GoGoAnime gogoanime: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 110