August 22, 2019 05:22
Македонија

Усвоен првиот годишен Извештај за имплементација на реформите во правосудството

Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) е усвоен денеска на седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата што се одржа во Владата на Република Македонија, која ја водеше министерката за правда Рената Дескоска.

Како што соопштија од владината прес-служба, Извештајот е презентиран од претставник на Министерството за правда и истиот покажува преглед и степен на реализација на досегашните достигнувања во реформата на правосудниот сектор предвидени со Акцискиот план на Стратегијата. Извештајот е со фокус на досега донесените законски решенија и постигнатото зголемување на ефикасноста на судовите и подобрување на правосудството.

На седницата било констатирано, дека Извештајот ги следи стратешките цели на реформите во овој сектор и ги опфаќа мерките и активностите кои ќе се реализираат во предвидениот рок, со вклучување на сите институции во правосудниот систем.

Пред членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, била претставена и Анализата на судската мрежа во Република Македонија.

-Во врска со Анализата на судската мрежа во Република Македонија беше заклучено дека подетално ќе се разгледува и на една од наредните седници, од каде ќе произлезе потребата за понатамошни анализи или креирање политики, се наведува во соопштението

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor