February 28, 2020 09:02
Македонија

Усвоени законските измени: Запрено присилното извршување кај социјално загрозените граѓани

Министерката за правда Рената Дескоска преку Фејсбук информираше дека Собранието ги усвои измените на Законот за извршување со кои се доуредува постапувањето на извршителите кои нема да можат присилно да извршуваат кај граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, а се намалува и износот на сумата која може да биде задржана.

-Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните, напиша Дескоска.

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА #ИЗВРШУВАЊЕ Денес е усвоена измената на Законот за #извршување кое е одраз на реалната…

Posted by Рената Дескоска on Четврток, 16 јануари 2020