February 24, 2020 00:21
Свет

Ураганот Доријан стигна до брегот на Северна Каролина

Ураганот Доријан денеска пристигна до брегот на Северна Каролина, удирајќи со силни ветрови и големи бранови на плажите на таа американска држава, само неколку дена откако целосно уништи делови од Бахамите.

– Бурата со ветер со јачина и до 150 километри на час го погоди Кејп Хатерас околу 9 часот по локално време, соопшти Националниот центар за урагани.

Во соопштението се додава дека невремето го зафати брегот на Северна Каролина со силни ветришта.

Метеоролозите најавуваат дека Доријан подоцна ќе донесе ветер со јачина на тропска бура на островот Нантукет, а во Масачусетс во сабота сабајле.

– Доријан најверојатно ќе го поштеди останатиот дел од источниот брег на САД и ќе изгуби сила пред да стигне до Нова Шкотска во Канада, соопшти Националниот центар за урагани.

Повеќе од 28.000 домаќинства и компании утрово останаа без струја во Северна и Јужна Каролина, а во Вирџинија, пак, наредена е евакуација.