February 16, 2019 17:11
Живот

Упорна женска болест која постојано се враќа: Излечете ја на едноставен начин

Жените кои секојдневно пијат повеќе вода поретко имаат инфекции на уринарниот тракт, покажува новото истражување. Студијата се фокусираше на 140 жени кои често имаат воспаление на уринарниот тракт и дневно консумирале помалку од еден литар течности.

Во претстојните 12 месеци научниците од половината доброволци побарале и понатаму да пијат иста количина, а преостанатите ги замолиле дневно да пијат по литар и половина вода.

После една година се покажа дека поголемиот број на жени кои пиеле повеќе вода, во просек на инфекција на мочниот канал добиле 1,7 пати во однос на групата која дневно консумирала помалку од еден литар вода, односно имале инфекција во просек од 3.2 пати.

“Податоците упатуваат на тоа дека нивото на хидратација е поврзано со ризикот од воспаление на уринарниот тракт”, рекол лидерот на истражувањето односно доктор.

“Ако жената често има воспаление на мочниот канал треба да обрне внимание на тоа колку дневно консумира течност и ако тоа не е доволно, да го зголеми на најмалку две до три литри дневно”, смета докторот.

Related posts

Што ќе се случи ако изедете лук на празен желудник?

24info

Токсини кои не знаете дека ги јадете!

24info

Криминалци се затворија во блиндиран автомобил, а потоа следуваше пекол!

24news