August 14, 2022 19:44
Свет

Уништен е магацин за храна при гранатирањето на Одеса, тврдат украинските власти

Магацин за храна е уништен во ракетен напад на црноморското пристаниште Одеса, соопшти украинската армија, која смета дека тоа е одмазда на Русија за украинскиот напад на нафтени платформи на Крим. Оперативната команда „Југ“ соопшти дека руските сили истрелале 14 ракети на југот на Украина.

„Причината е нивниот беспомошен бес поради успехот на нашите војници“, изјавил еден украински борец. Руската армија и натаму не ја коментира оваа информација.

Олексиј Хончаренко, пратеник од Одеса, рече дека пристанишниот град бил нападнат од одмазда, бидејќи тие утрово бомбардирале нафтени извори во близина на Крим.

Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Москва на чело на покраината Крим, која Русија ја анектираше во 2014 година, посочи дека нападнатите платформи биле во сопственост на енергетската компанија „Черноморнефтегаз“ во Црното Море, во близина на јужниот брег на Украина.

„Три лица се повредени, а по седум работници се трага“, објави тој на „Телеграм“.

Руската агенција РИА Новости објави дека платформите се наоѓаат на 71 километар од Одеса. Агенцијата „Ројтерс“ не била во можност веднаш да ја потврди вистинитоста на извештајот за нападот.