January 21, 2021 02:35
Свет

Унгарски лекари ќе ја надгледуваат изработката на вакцината Спутник V

Русија ќе им дозволи на унгарски лекари и медицински експерти да го набљудуваат процесот на изработка на вакцината Спутник V против коронавирусот, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто на заедничката прес-конференција со рускиот министер за здравство Михаил Мурашко рече дека ова може да го забрза процесот на донесување одлука на унгарските власти за потенцијална употреба на вакцината против коронавирусот во Унгарија.