April 20, 2021 19:49
Свет

Унгарија ќе го продолжи делумното затворање до 15 март

 Унгарија ќе го продолжи делумното затворање до 15 март бидејќи се очекува натамошен раст на инфекциите во следните две недели, рече Гергели Гуљаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Гуљаш на брифинг рече дека следните две недели ќе бидат исклучително тешки и дека вакцинацијата ќе се забрза откако Унгарија започна да вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм”.
– Третиот бран пандемија ја погоди Унгарија и ковид-броевите ќе се влошат во следната недела до две. Некои тврдат дека ќе видиме драматично влошување, додаде Гуљаш.