June 28, 2022 23:26
Свет

Унгарија ќе гласа за санкции и ембарго, ако ЕУ нѝ обезбеди енергетска безбедност, изјави претседателката Новак

Унгарија ќе гласа за шестиот пакет на санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта, доколку Европската Унија (ЕУ) ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава.

„Унгарија е во многу тешка ситуација од енергетски аспект. Гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Ќе му бидам многу благодарна на претседателот (на Полска) Дуда доколку нè поддржи за да ги добиеме потребните услови за да може Унгарија да гласа за шестиот пакет“, рече Новак.

„Во интерес на Унгарија е да застане на свои нозе во енергетскиот сектор. Ова е неопходно за суверенитетот и енергетската безбедност. За ова ни требаат финансии, средства. Затоа бараме од претседателот Дуда да не поддржи за да ги добиеме сите средства за закрепнување кои ни ги додели ЕК“, додаде таа.

https://go88.gg/

kéo sunwin sunwin trên ios sunwin house bradford