October 20, 2020 14:23
Свет

Унгарија го скрати карантинот од 14 на 10 дена

Задолжителниот карантин за патниците што влегуваат во Унгарија е скратен од 14 на 10 дена, изјави Роберт Киш, член на кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Тој на онлајн прес-конференција рече дека без оглед на карантинот, странските граѓани исто така мора да покажат дозвола за влез во земјата, пренесува МТИ.

Во изминатите 24 часа е издадена наредба за самоизолација за 2.062 лица, од кои 774 дошле од странство, рече Киш.

Во домашна изолација има повеќе од 25.000 луѓе.