September 23, 2019 18:20
Свет

Унгарија го доби портфолиото проширување и соседска политика

Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот Парламент допрва треба да ја потврди оваа номинација.

Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Кандидатите ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.

Кандидатурата на Трочањи би можела да се проблематизира поради внатрешните проблеми на Унгарија со владеење на правото и осудениот поранешен македонски премиер Никола Груевски, кому му е доделен азил во таа земја.

Нови вести

Во Малта е постигнат привремен договор за распределување на мигрантите

Igor

Индија тврди дека Пакистан ги активирал камповите за екстремисти

Igor

Њујорк во знакот на заштитата на климата, самитот на ОН и демонстрациите

zane