November 29, 2022 05:06
Македонија

Умерен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што соопшти АМСМ, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување градежни работи оваа делница ќе биде затворена за сообраќај во наредните 9 месеци и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.